Канчевска на суд за Музејот на ВМРО

Поранешната министерка за култура Елизабета Канческа Милевска, денеска треба да се појави на ново рочиште во Кривичниот суд за тендерот за извршување градежни работи во Музејот на македонската борба за државност и самостојност кој беше дел проектот „Скопје 2014″.

Според обвиниението во случајот „Тендери“, дел од градежните работи во Музејот биле вршени пред да се објави оглас за доделување договор за јавна набавка и пред да се спроведе постапката.

Канческа-Милевска, спротивно на законот, преку разговори со генералниот директор на градежното претпријатие „Бетон” од Штип наложила да се продолжи со работа на Музејот.

Случајот „Тендери” се наоѓа во доказна постапка.

SHARE

Оставете Коментар