Република Македонија е полупротекторат на САД, изјави во интервју за една бугарска ТВ новинарот Виктор Канзуров кој се изјаснува како Бугарин.

„Државата постои само благодарение на САД. Паѓањето од власт на ДПМНЕ и на Груевски се случи благодарение на западната интервенција. Сама по себе Македонија немаше да може да го направи тоа, бидејќи луѓето во Македонија имаат пројугословенски и просрпска сантименти. Повеќето Македонци се такви и ДПМНЕ најмногу одговараше на нивниот идеолошки идентитет“, објаснува Канзуров, пренесува бугарски медиум.

Според него, главното прашање сега е што сакаат Американците – Република Македонија или Република Северна Македонија.

„Тие (САД) повремено поддржуваат некоја политичка опција, некаков политички потег, некакво движење кон евроатлантските интеграции, но идеолошките сентименти во Македонија се антизападни.

(…)Македонците не можат да сфатат дека нивната нација се создава некаде во средината на минатиот век. Оттаму доаѓаат сите проблеми, на кои во моментов сме сведоци“, објасни новинарот.

Канзуров смета дека актуелната влада на Македонија воопшто не води пријателска политика кон Бугарија.

„И двете страни на референдумот се мобилизираат на антибугарска основа“.

2 Коментари

Оставете Коментар