Новинарот Виктор Канзуров кој се изјаснува како Бугарин, открива национал-шовинстички елементи во кампањата на оние кои се „за“ и оние кои се „против“ претстојниот референдум.

„Двете страни – и оние кои агитираат за прифаќање на договорот со Грција и за промена на името во Република Северна Македонија, и оние кои се за бојкот на овој референдум на 30 септември, и двете страни се мобилизираат на националистичка основа, дури би рекол и на национал-шовинистичка основа“, вели Канзуров во интервју за Бугарското национално радио (БНР).

Освен антигрчки и антизападени елементи, во агитацијата на неформалното движење „Бојкотира“, има и антибугарски ставови, раскажа новинарот.

Според негови зборови, тоа може да се види и во агитирањето на властите:

„Власта заплашува – дека ако не биде усвоен овој договор со Грција, што значи дека нема да има шанса за вклучување на земјата во НАТО и ЕУ – со закана од некаква бугаризација и тоа беше особено нагласено од страна на координаторот на Македонија за НАТО (Стево Пендаровски –н.з.), кој во една телевизиска емисија рече: Убаво би било да биде усвоен овој договор и нашите македонски граѓани да не се понижува толку да аплицираат за бугарски пасоши, и таму во документите во изјавите, да пишуваат дека се нешто друго, а не она што се – од друга етничка припадност“, вели Канзуров.

Канзуров: Владата во Скопје не води пријателска политика кон Бугарија

SHARE

Comments are closed.