Капитенот Лазаров им се извини на навивачите на репрезентацијата

Капитенот ма националниот ракометен тим и се извини на битолската публика за несериозниот пристап кон дресот со државниот грб на мечот во квалификациите за ЕП 2019 кој Македонија го доби против аутсајдерот Турција.

„Ова е нашиот најслаб натпревар во последните десет години. Имавме ноншалантна игра, без респект, без почит еден кон друг и кон битолската публика која дојде во огромен број. На сите кои беа во салата и оние кои останаа надвор сакам како капитен јавно да им се извинам бидејќи заслужија подобро издание од нас“, коментираше капитенот Кире Лазаров.

Видеото со изјавата на Лазаров за ракомет24.мк
во продолжение.

SHARE

Оставете Коментар