Каракачанов бара министерство за Бугарите во странство

По најавата на бугарскиот премиер Бојко Борисов да се затвори Државната агенција за бугарите во странство, по скандалот со фалсификуваните државјанства и продажба на бугарски пасоши, денес реагираше вице премиерот кој бара Бугарите востранство да добијат – Министерство.

„Затворањето на Државна агенција за Бугарите во странство (ДАБЧ) би имало смисла доколку на нејзино место се врати претходното Министерство за Бугарите во странство”, изјавил Каракачанов како што пренесува БГНЕС.

Според Каракачанов едно министерство би се грижело подобро за политиките на државата околу ова проблематика.

„Треба да има сериозен државен орган“, изјави уште вицепрмиерот, според кој е подобро е тој орган да се Министерство отколку државна агенција.

Партијата на Каракачанов се финансирала од продажба на бугарски државјанства

 

SHARE

Оставете Коментар