Каракачанов: Договорот за Македонија е под знак прашање!

Бугарскиот министер за одбрана Красимир Каракачанов изрази сомнеж дали воопшто ќе стане реалност договорот Заев-Ципрас за „Република Северна Македонија“, која одеднаш и за него не е проблематично име за западниот сосед, иако до вчера и тој и целиот државен врв на Бугарија велеа дека тоа име го засега и Пирин.

„Со овој договор е нанесен решавачки удар врз обидите на Груевски и на одредени научни кругови да наметнат некакво античко потекло на македонското население“, изјави тој за приватната телевизија БТВ, додавајќи дека со утрешниот потпис на островот Свети Ахил не завршува спорот меѓу Македонија и Грција.

„Во Македонија има бесна опозиција на името Северна Македонија, има опозиција и во грчкиот парламент. Западниот сосед треба да спроведе референдум со најесен резултат, а потоа и Парламентот да ги изгласа текстовите со двотретинско мнозинство, кое Заев и неговите албански партнери го немаат. Во меѓувреме, во 2019 година има парламентарни избори во Грција, на кои се очекува да победи десничарската опозиција Нова демократија, а таа во моментов е против името Северна Македонија“, објаснува Каракачанов.

Во врска со новото име на соседот, тој сега вели дека недоумиците околу него биле решени со Договорот за пријателство, добрососедство и соработка?!

„Договорот содржи гаранции дека Скопје нема да пројавува претензии за територии и за малцинства. А името ‘Северна Македонија’ не треба да нè загрижува во ситуација кога пред речиси 30 години сме го признале сегашното, кое од географски аспект покрива многу поголема територија“, изјави Каракачанов.

 

SHARE