Катар ќе инвестира 15 милијарди долари во Турција

Турските власти соопштија дека Катар ветил 15 милијарди американски долари во директни инвестиции во Турција, која се бори со валутна криза.

Ветувањето го даде лично шеикот Тамим бин Хамад ал Тани, кој денеска се состана со турскиот претседател, Тајип Ердоган, дознава агенцијата АП.

Нема дополнителни информации за природата на инвестициите.

За време на состанокот, Ердоган и Ал Тани, исто така, изразиле решеност да гразвијат врски меѓу нивните земји „во сите области“.

SHARE