„Заев, лидерот на земјата која потенцијално би можела да биде многу близок партнер и сојузник на Грција, треба да знае дека неговите заведувачки и повторувани изјави за ‘единствена Македонија’ не одат во корист она што треба да биде долгорочна стратешка цел на неговата влада. Тој знае дека географската област на Македонија денес е првенствено поделена меѓу Грција (50 проценти, најмногу се совпаѓа со границите на античка Македонија), пјРМ (40 проценти) и Бугарија (10 проценти)“ пишува „Катимерини“.

Авторот на коментарот вели дека е разбирливо дека непосредна цел на Заев е да ги убеди граѓаните на пјРМ да го одобрат договорот на претстојните избори.

„Но, тој, исто така, треба да има предвид уште две нешта: Прво, дека договорот, исто така, мора да биде одобрен од грчкиот парламент, и второ – за што авторот смета дека е поважно – дека двата народи ќе треба да коегзистираат и да соработуваат врз основа на тој договор“.

Доколку сака да ги олабави тензиите и да оствари стратешки придобивки од договорот, „премиерот Заев мора да се погрижи тој да не го отуѓува грчкиот народ“.

Според авторот на текстот, „во суштина, националистичка реторика“, е несреќен потег во спротивна насока.

SHARE