Катимерини открива дека МИА цензурирала изјави на Заев по налог на Ципрас

Грчкиот весник „Екатимерини“ тврди дека на барање на владата во Атина македонската државна новинска информативна агенција ги сменила изјавите на премиерот Зоран Заев дадени во кусото интервју за МИА од Вашингтон.

Интервјуто е направено по средбата со потпретседателот на САД Мајк Пенс, но неговата прва верзија објавена од агенцијата била променета откако интервенирала грчката влада која практично направила цензура во македонски национален државен медиум.

Првата изјава на Заев

Во оргиналното интервју за МИА во Вашингтон, Заев изјавил: „Северниот дел од Грција е Грција, западниот дел од Бугарија е Бугарија. Ова е наша Македонија и нема да има ниедна друга во светот“. МИА веднаш го пренесе интервјуто, но подоцна комплетно ги промени изјавите на Заев.

Цензурираната изјава на Заев

Променетото интервју изгледало вака: „Сите знаеме денес дека дел од геополитичкиот регион од Македонија е во Грција, дел во Бугарија и северниот е во нашиот дел. Придавката “северна” прави разлика и ние потврдуваме дека постојат региони во Бугарија и во Грција кои се нарекуваат Македонија“, пишува во текстот на “Катимерини”.

Деновите МИА прославува 20 години од основањето а агенцијата и покрај обидите на сите предходни влади да врши политичко влијание најчесто била доживувана како професионална медиумска куќа со високи стандарди.

Единствен начин МИА да се одбрани од обвинувањата е да ги објави видео или аудио снимките кои вообичаено се прават за време на интервјуата.

Линкот каде Катимерини каде што пишува за менување на текстот во МИА овде.

2 Коментари

  1. Нема ништо погрешно, ништо што не е така, нити во првата, нити во втората изјава.

Comments are closed.