Со оглед на тоа дека референдумот за промена на името на поранешната југословенска Република Македонија привлече низок одѕив на гласачи, остануваат нејасни изгледите за т.н. договор за Преспа меѓу Атина и Скопје и за владата на БЈРМ, пишува „Катимерини“.

Весникот се повикува на податоци на Државната изборна комисија на Македонија, според која  одѕивот на гласачите изнесувал 28,8 отсто два часа пред затворањето на избирачките места, со проценета излезност од 34  проценти до крајот на денот од кои „за“ гласале најмалку 80 проценти.

„Договорот, потпишан во јуни на грчката страна на Преспанско Езеро, предвидува балканската земја да го промени своето име во Северна Македонија, со цел Грција да ги укине своите забелешки за нејзиното пристапување во НАТО и во ЕУ. Грција долго време става вето на пристапот на земјата поради стравувањата дека ќе го охрабри иредентизмот.

Договорот помеѓу двете страни предвидува ПЈРМ да го промени својот устав за да стане јасно дека нема иредентистички претензии кон Грција“, пишува грчкиот весник кој потсетува дека опозициите од двете земји се противат на Договорот.