„Катимерини“: Заев во Преспа ќе потпише „каков било“ договор

Премиерот Зоран Заев од – како што го ословува „Катимерини’ – поранешната југословенска Република Македонија (ФИРОМ) во саботата изрази оптимизам за потенцијален договор за долготрајниот спор околу името меѓу Атина и Скопје, на технички ниво.

Заев рече дека е „оптимист“, но дека некои „технички детали“ остануваат да се решат, додавајќи дека ќе му се јави на својот грчки колега, Алексис Ципрас, кога овие прашања ќе бидат решени.

Тој рече дека се надева дека договорот би можел да се постигне до крајот на јуни, додавајќи дека двете страни се согласиле да потпишат било „каков договор “во Преспа, северна Грција, во близина на Преспанското Езеро, кое го делат Грција и БЈРМ, како и Албанија.

SHARE

Comments are closed.