Катругалос: Топката е во дворот на Скопје!

Двете прашања кои остануваат за договор со пЈРМ се ерга омнес примената на идното име и ревизија на Уставот на таа земја, изјави денеска грчкиот заменик министер за надворешни работи задолжен за европски прашања, Јоргос Катругалос.

„Ова се прашања кои не се мали… Топката е сега во нивниот двор“, рече Катругалос, додавајќи: „За нас овие прашања се неопходни и предуслов за решение, а другата страна мора да ги направи потребните отстапки“, вели Катругалос.

„Ние бараме ревизија на Уставот, така што решението ќе биде трајно и ерга омнес, за да не оставаме никакви можности за иредентизам во иднина“ рече тој.

1 Коментар

Оставете Коментар