Кирил Барбареев: Луѓе без „фатка“ нè водат 27 години без стратегија

Loading...

Професорот на Универзитет „Гоце Делчев“ во Штип со свое објаснување зошто Македонија падна на ова дереџе.

„Нема полоша судбина од тоа да те водат луѓе без фатка. Тоа се оние луѓе кои 27 години никогаш не понудиле визија за оваа земја, никогаш не можеле да формулираат една вистински интелигентна стратегија за Македонија, ниту политичка, ниту економска, ниту образовна, ниту културна. 27 ЗАГУБЕНИ ГОДИНИ!“, вели професорот, кој работи на обука на кадри во образованието.

„27 години цела нација е запрена во својот развој, најмногу младите, поради политички борби, конфликти и глуп проблем со името. Нација намерно доведена во ситуација да се чувствува осамено и дезориентирано, директно преточено во најголемото заминување на младите. За жал, младите дури и не чувствуваат дека напуштаат своја земја. Затоа што не е изградено чувството на заедништво и припадност, на идентификација и сопствена историска должност“, вели Барбареев, кој се смета за еден од врвните македонски интелектуалци од средната генерација.