Шефот на македонската дипломатија вели дека „ќе биде чудо доколку успееме да го решиме спорот за името со Грција, но чудата се можни. А денес на сите ни се потребни чуда“ пренесе „Дојче Веле.

„ Македонија загуби генерации чекајќи да мрдне на патот. Го гледаме возот на ЕУ како минува и сакаме да го фатиме”, пораќа министерот Никола Димитров од Софија во пресрет на утрешниот состанок меѓу македонскиот и грчкиот премиер Зоран Заев и Алексис Ципрас во Софија

По позитивниот извештај од Европската комисија, Димитров вели дека Македонија со право очекува и добивање датум за почеток на преговори.

„Ќе биде трагедија доколку на Македонија не ѝ се дозволи да ги започне преговорите за пристапување кон ЕУ“, рече Димитров.

Тој порача дека Македонија заслужува признание затоа што се менува.

1 Коментар

Comments are closed.