Собранието на Република Македонија ќе ги формулира 4 амандмани на до крајот на годинава а засега тие не се ниту напишани, ниту преговарани, изјави министерот за надворешни работи Никола Димитров.

„Уставните измени не се напишани, ниту се преговарани и нив ќе ги формулира Собранието“ , рече министерот на прес конференција отфрлајќи ги прозивките од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, дека тие „веќе се стигнати во форма на нонпејпер“ од Грција, пренесува Радио Слободна Европа.

Според Димитров се работи за 4 амандмани на Уставот:

Првиот се однесува на додавање на одредницата „северна“ во името, вториот на неменување на границите, третиот за грижата за македонското национално малцинство во соседните земји, кое, како што рече, ќе се прошири во грижа за правата на целата дијаспора. И четврто, во преамбулата нема да се чепка ништо од државно правниот наратив кој почнува од Илинденското востание преку АСНОМ до референдумот за независност, објаснил министерот како што пренесува РСЕ.