„Ќе има ли ДИК“ -референдум пред референдумот!?

„Изгледа дека прво ‘референдумско’ прашање ќе биде: „Дали воопшто сакате да се формира ДИК?“, и на него треба да се изјасни единствено раководството на опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Но, и за тоа изјаснување е потребна Државна Изборна Комисија, пишува „Дојче веле“

Комисијата ќе има мандат од шест месеци, и да го организира референдумот на кој граѓаните треба да се изјаснат за Договорот со Грција и интеграциските процеси на Македонија кон ЕУ и НАТО. Иако рокот за формирање на ДИК истече на 29 јуни, неизвесно е уште колку ќе трае доцнењето.

Претседателот на собраниската Комисија за избори и именувања, Илија Димовски изјави дека нема да закаже седница са за избор на членови ДИК додека партиите не се усогласат и не дадат зелено светло.

ВМРО ДПМНЕ вчера порача дека за  опозицијата да гласа за ДИК, најпрво треба да бидат донесени законот за финансирање на партии и законот за Влада во кој ќе влезе пржинската техничка Влада како услов пред секои избори, како што велат било договорено пред ВМРО ДПМНЕ да се врати во Собранието и да да де поддршка за реформските закони.

Оставете Коментар