Поранешниот функционер во американската администрација на претседателот Обама ја поддржа размената на територии што се преговара меѓу претседателите на Косово и Србија, иако призна дека таквото решение ќе доведе до „етничко чистење“ во Косово и Прешевската долина.

Во текст објавен во „Њујорк тајмс“, Чарлс А. Купчан, поранешен висок функционер во Советот за национална безбедност на САД  ( 2014-2017), напиша дека САД и ЕУ треба да го поддржат предлогот на двајцата претседатели, Александар Вучиќ и Хашим Тачи, за територијални размени, пренесува „Коха Диторе“.

Купчан во писмена форма го признава планот на Вучиќ-Тачи како „пресвртница“, која, иако „морално навредлива”, САД и ЕУ  „мора да ја поддржат“.

„Српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот претседател Хашим Тачи, се чини, работат на предлог за размена на територии што би можело да доведе до крај на жешкиот конфликт.  Северно Косово, главно населено со етнички Срби и на граница со Србија, да се приклучи на Србија.

За возврат, с’е уште неопределено парче од Прешевска долина во Србија, кое е населено со албанско мнозинство и се граничи со Косово, да стане дел од Косово“”, пишува Купчан, признавајќи дека таквиот план исто така значи”„размена на население“ од големи размери, пренесуваат и други косовски медиуми.