Ќе има ли „преспански“ по “Охридскиот договор“ !

Атински „Катимерини“ пишува дека во Атина и Скопје во тек биле подготовките за состанокот во Преспа, каде што ќе биде потпишан договор меѓу Грција и Македонија во врска името „скопјанико“ како што го нарекуваат грчките медиуми.

На потпишувањето на договорот од страна министрите Никос Коцијас и Никола Димитров, ќе бидеа и премиерите на Алексис Ципрас и Зоран Заев , но е најавено присуство на генералниот секретар на ОН, Антонио Гутиереш , намедијаторот Метју Нимиц, ген-секот на НАТО Столтенберг и високиот претставник на ЕУ ,Федерико Могорини.

„Катимерини“ шпекулира дека потпишувањето, договорено за в недела, ќе се случи на „северната страна на Преспа“ во Голема Преспа.

Веднаш штом ќе го потпише договорот, премиерот Заев ќе го поднесе на одобрување во парламентот за ратификација, пишува грчкиот весник.

SHARE