Ќе има ли ТВ соочување Фрчкоски – Гајдов за атентатот врз Глигоров?

Јавноста е во очекување на ТВ дуелот меѓу професорот Љубомир Фрчкоски и новинарот Љубомир Гајдов кој го обвини ексминистерот за надворешни и внатрешни работи дека ги уништил доказите за атентатот врз првиот македонски претседател.

Гајдов со шокантни обвинувања кон Фрчкоски за атентатот врз Глигоров (ВИДЕО)

Првиот собраниски спикер Стојан Андов во својата најнова книга објавена деновиве го цитира Гајдов кој тврди дека Фрчкоски стои зад атентатот врз Глигоров.

Андов: Црвенковски и Фрчкоски сакаа да го тргнат Глигоров (ВИДЕО)

По промоцијата повеќе македонски телевизии го поканиле Гајдов да проговори за неговите сознанија но новинарот и надворешно политички коментатор инсистира со него во дебатата да биде присутен и Фрчкоски кој беше кандидатот на СДСМ за претседател на државата што загуби од Ѓорге Иванов во 2009 година.

Според сознанијата на expres.mk од медиумски кругови Фрчкоски кој викендов објави објасување за обвинувањата во кое зборува за Андов а не го споменува Гајдов, засега не изразил подготвеност да се соочи со новинарот.

Фрчкоски: Глигоров “шмелцувал”, Андов “мудросер, шушумига, го*нар”…

SHARE

3 Коментари

Оставете Коментар