Ќе има ли виновник за давењето на девојче во населба „Илинден“

Јавното обвинителство ќе ги открива причините за вчерашниот несреќен случај во населбата Илинден – Скопје во кој животот го изгуби 13 годишно девојче.

Девојчето паднало во ископ на темели на објект кои се наполниле со вода, а безживотното тело го извадиле локални жители.

Инвеститорот на објектот во општина Илинден каде што вчера се удави 13 годишно девојче немал дозвола за градба – изјави за НОВА ТВ градоначалникот на Илинден, Жика Стојановски.

Обвинителството треба да открие зошто објектот и градежната парцела биле необезбедени.

SHARE