За околу два до три денари по векна ќе поскапи цената на лебот, соопшти Горан Малишиќ претседател на групација на мелничко–пекарската индустрија.

Новите цени ќе бидат до 20 отсто повисоки или од 15 на 18 денари ќе биде „коригирана“ цената на некои видови леб.

Причина за зголемување на цената на овој основен прехранбен артикал – но и на белите пецива – е поскапото брашно за 40 отсто, лошата жетва на жито, катастрофалниот род, повисоката цена на нафтата…

„Пекарите се соочуваат и со други проблеми, недостасуваат работници. Сè помалку работници сакаат да работат во пекарството и нормално им се зголемени платите. Ова покачување од мелничко пекарската индустрија би било од 10 до 20 отсто за да се покријат загубите кои ги претрпуваме“, вели Горан Малишиќ, претседател на мелничко-пекарско здружение при Стопанската комора на Македонија за „Алсат М.

Од Министерството за земјоделство велат дека не биле навремено информирани за поскапувањето.

SHARE

Оставете Коментар