Ќе направиме с’е да се обезбедат 81 претеник, вели Заев (ВИДЕО)

„Сериозен е процесот пред државата. Ги знаете нашите ставови.  Ќе се обидуваме со пратениците. Се ште можеме ќе направиме. Ги знаете нашите ставови, не би кажувал детали“, изјави лидерот на СДСМ и премиер Зоран Заев по вчерашниот состанокот на Извршниот одбор на СДСМ.

„Членовите на Извршниот одбор едногласно заклучија дека сега, кога има јасно изразена мнозинска волја, пратениците во Собранието на Република Македонија треба да го следат гласот на мнозинството од над 600 илјади граѓани, да преземат одговорност и да се забрзаат процесите за конечно членство во НАТО и ЕУ. Доколку тоа не е возможно и ВМРО-ДПМНЕ и натаму ја кочи иднината на граѓаните и ја турка земјава во бездна, тогаш нема друга опција освен предвремени парламентарни избори веднаш, на кои граѓаните ќе одлучат за иднината“, заклучил ИО на СДСМ.