Ќе не изненадат ли со Вардарска Македонија?

Loading...

Веднаш по завршувањето на вчерашната рунда разговори во Њујорк започнаа да работат добро разработените комуникациски канали меѓу САД и Грција но и меѓу Њујорк И Скопје.

Првичните брифинзи кои што можат да бидат и спинување водат кон целосна елиминација на Илинденска Македонија која предходно ја прифати македонската влада.

Во информациите што доаѓаат од Њујорк преку грчки канали покрај веќе апсолвираните за јавноста Горна и Нова Македонија, за прв пат во игра се става и одредницата Вардарска односно Вардар.

Иако еден од петте предлози дадени од медијаторот Нимиц во неколку последни прилики и посакуван од Грција, Република Вардарска Македонија тој никогаш не беше сериозно доживуван како Горна или Северна.

Сега за прв пат добро упатени грчки извори говорат за Вардарска со слични шанси како и Горна и Нова Македонија.

Дали повторно се работи за дипломатски трик во кој Грција ја нуди Вардарска за да ја добие Нова или Горна ќе се знае утре попладне или навечер по македонско време кога во Њујорк ке заврши средбата меѓу Нимиц, Димитров и Коѕиас.

Засега нема најава за официјални изјави но најмалку што треба да се очекува е обраќање на Нимиц без разлика дали и оваа рунда разговори ќе пропадне.

3 Коментари

Comments are closed.