Ќе остане ли МПЦ македонска по референдумот!?

Согласно преспанскиот договор од 17 јуни, на кој ставија потпис министрите Никола Димитров и Никос Коѕијас, употребата на терминот „македонски“, каде и како може да се користи, е дефинирана во членот 7 од спогодбата меѓу првата и втората страна потписници.
Според тој член, институциите во Македонија што се основани и финансирани од државата нема да можат во своето име да ја имаат придавката „македонски“ или „македонска“. Тоа практично значи дека сите тие институции ќе мора да извршат свое преименување“.

Порталот „Религија“ тргнувајќи од ова, во анализа го поставува прашањето дали „ќе остане за верниците, граѓаните и за Македонската православна црква-Охридска архиепископија националното обележје како македонска црква, ако граѓаните на референдумот закажан за 30 септември годинава ja поддржат спогодбата од Преспа и потоа Собранието ги изгласа планираните уставни измени?

Дали редефинирањето на Уставот со Преспанскиот договор, ќе значи и бришење или преименување на МПЦ-ОА во членот 19 во Уставот на Република Македонија, каде што се вклучени петте верски заедници?

Ова е клучната дилема во овој период пред референдумот,анализира „Религија.мк.

1 Коментар

Оставете Коментар