Ќе потпишат во Пили (Грчка Преспа), ќе слават во Отешево

Договорот меѓу Македонија и Грција за името ќе се потпише в недела во Преспа на грчка територија, а потоа ќе следи ручек на македонска страна, во Отешево јавуваат грчки медиуми.

Предходно дел од грчките медиуми утрово објавија дека договорот ќе биде потпишан во Преспа во Македонија, друг дел пак тврдеа дека потписите ќе паднат на грчка страна.

Договорот ќе го потпишат министрите за надворешни работи на Македонија Никола Димитров и на Грција Никос Коѕијас, во присуство на премиерите на двете земји ќе го потпишат во Грција, по што заедно со гостите ќе преминат на македонска територија и ќе следи заеднички ручек.

SHARE

Comments are closed.