Ќе прогласи ли и Македонија 52 Грци за “Персона нон грата”?

Ќе ја следи ли Македонија владата на Еди Рама и ќе им забрани ли влез на луѓето што станаа “Персона нон грата” откако на закопот на грчкиот националист убиен од албанската полиција извикуваа антиалбански и антимакедонски пароли и навреди за Албанците и Македонците.

По инцидентот Албанија која е членка на НАТО на сите идентификувани им забрани влез на албанска територија.

Доколку Македонските власти побараат Албанија е должна да ги достави имињата на тие што извикувале антимакедонски пароли и навреди против Македонците по што исто како и членката на НАТО може да ги прогласи за “Персона нон грата”.

Грција со децении има листи на Македонци кои од различни причини не се пуштаат да влезат на грчка територија.

Покрај децата бегалци, се уште се активни листи со забрана на кои се македонски активисти, научници, новинари кои зборуваат за македонско малцинство и култура во Грција.

Албанија да објасни зошто прогласи 52 Грци за непожелни!

SHARE

Оставете Коментар