Грчката национална телевизија, ЕРТ, ќе испита како се случи на вчерашниот натпревар меѓу грчката и македонската ракометна репрезентација, гостинскиот тим да биде накратко напишан со кратенката МКД.

Од Канцеларијата за печат на ЕРТ, соопштија дека графиката на натпреварот не била подготвена од ЕРТ туку од надворешна фирма.

„Спортските редакции на ЕРТ и ЕРТТ 3 многу брзо интервенираа и ја контактираа претходно споменатата компанија барајќи проблемот веднаш да се коригира и да се напише името на тимот на БЈР како FYR“.

Надлежните служби на ЕРТ темелно ќе го испитаат случајот и ќе биде побарана „одговорност и дисциплински мерки доколку е потребно“.

Грција издржа само 15 минути со МКД и ни измисли ново име (ФОТО)

SHARE

Оставете Коментар