Обвинителот на грчкиот Врховен суд, Ксени Димитриу, денеска нареди истрага по извештаите во медиумите за наводно неправилно трошење на средствата на Европската унија што ѝ се дадени на Грција за миграциската криза.

Димитриу побара од шефот на сојузот на финансиски обвинители, Маријана Псарудаки, да започне првична истрага за да утврди дали наводите имаат основа.

Истрагата беше наредена неколку дена откако сменетиот шеф на службата за прием и идентификација, Андреас Илиопулос, изјави за либералниот весник „Филелефтерос“ дека има индиции дека со средствата на ЕУ за мигрантите погрешно се управувани и ги повика обвинителите да интервенираат.

Илиопулос, кој беше одговорен за прифатните мигрантни центри на Лезбос, Хиос, Самос, Лерос и Кос, како и во кампот во Еврос, северна Грција, доби отказ минатата недела.

Министерот за миграција, Димитрис Вицас, реагираше минатата недела, опишувајќи ги тврдењата како „лаги“ и изјави дека Илиопулос не успеал правилно да ја заврши својата работа и му била дадена можност да поднесе оставка, наместо да биде отпуштен.

Новинари на весникот „Филетерос“ кои во напис пред десетина дена алармираа дека дел од европските пари за мигрантите завршиле кај бизнисмени блиски до министерот за одбрана Панос Каменос, на негово барање беа уапсени…

Грчки новинари притворени по жалба од министерот Каменос

SHARE