Ќе се отворат ли мигрантски кампови на Балканот?

Loading...

Министрите за внатрешни работи на шесте земји од Западен Балкан, вклучително и на Македонија, денеска во Брисел ќе се сретнат со претставници на Европската Комисија и на австриското и бугарското претседателство со Унијата.

Според најавите на министерски состанок ќе се разговара за миграциските предизвици на ЕУ.

Се очекува на средбата да се разгледува и предлогот за отворање кампови за бегалците во земјите од регионот на Западен Балкан. јави дописничката МИА од Брисел.

Притисокот од нови мигранти не запира, а само во првите пет месеци од годинава во Грција пристигнале над 19.800 мигранти, што претставува најголема бројка на прифатени мигранти во една земја членка на ЕУ, јави ДПА.

Министерството за миграциона политика на Грција деновиве одлучи да отвори уште четири кампови, кои биле изградени за време на  бегалската криза во 2015 година, за да го намали притисокоот нво камповите на островите.