Ќе се снимаат ли избирачки места на денот на референдумот?

Активисти на организации поврзани со кампањата за бојкотирање на референдумот на 30-ти септември се организираат на денот на гласањето да постават волонтери со камери пред избирачките места за да снимаат кој излегол да гласа, тврдат провладини медиуми.

Според медиумите, кој цитираат изјава на фејсбук страницата на Светскиот македонски конгрес, ќе се снимале дури и дипломатските преставништва на РМ. Истите извори велат дека наводниот мотив бил да се обезбеди доказен материјал за излезноста, за да се спречат можните обиди на власта да ја лажира бројката на граѓани кои гласале, но имало и такви кои сакале да отворено да покажат „кои биле предавниците“.

Од надлежните институции велат дека снимање на гласачко место е кривично дело, но не даваат мислење што ако се снима на јавни простори.

Оставете Коментар