Ќерката на Вице Заев и синот на Чифлиганец сликани со оружје (ФОТО)

Внуката на премиерот Зоран и ќерка на неговиот брат Вице Заев се фотографирала со пиштол и сликата ја објавила.

На фотографијата која што е објавена на социјалните мрежи една од најпопуларните Струмичанки Ева Заева, е фотографирана со пиштол во раката.

Со неа на фотографијата за која нема детали кога е сликана е и синот на бизнисменот Ванчо Чифлиганец, Душко.

Каква е пораката на Заева и младиот Чифлиганец од фотографијата на која се гледа огнено оружје, дури и ако е тоа пластично за јавноста е нејасно.

Особено затоа што во Македонија годишно од напади со огнено оружје, од пукање на семејни веселби или од случајно испукување гинат десетици луѓе.

Вице Заев и Ванчо Чифлиганец важат за моќни луѓе во светот на македонскиот бизнис и политика.

SHARE

1 Коментар

Оставете Коментар