Блерта, ќерката за која постои основано сомневање дека ги убила родителите и сестрата во крвавото семејно убиство во Дебар, пред полицијата наводно ги открила мотивите за крвавиот чин.

„Не ми дозволија да се омажам за Италијанец“, наводно „признала“ 28-годишната  Блерта Поцеста, но таа вели дека само го организирала убиството, но не го извршила, дознава весникотна албански јазик „Коха“.

Нејзината мајка Назмие (53) , таткото Амид (54) и сестрата Анила Поцеста (14) беа убиени во семејниот дом на 26 август.

Приштинска „Газета експрес“ вчера пренесе изјава на близок роднина на семејството кој се сомнева дека причина за убиството била – пари. Наводно, премија од животно осигурување  во висина од 1,5 милиони евра што би ги добила по смртта на таткото кој бил осигуран во Италија.

Според првичните сознанија од истрагата, во убиството учествувале уште две лица – извесен Ферди Г. кој го набавил оружјето и некој кој го извршил убиството.

Но, во куќата биле откриени само нејзини траги, не и од други лица, па сè уште не е исклучена можноста сепак и таа да учествувала во убиството.

Според информациите од италијанската полција Блерта во Италија била заведена како наркозависник.

Дали Берта Поцеста ги убила родителите и сестрата за 1.5 милиони евра?

Оставете Коментар