Ќулавкова до власта за „Илинденска“: Зошто сами влегувате во стапица?

Loading...

Академик Катица Ќулавкова го критикува предлогот на македонскиот владин врв за новото име на државата да биде „Република Илинденска Македонија“.

„Makedonski без превод на англиcки во личната карта на ОН е спротивно на сета меѓународнa практика и на принципите на ОН каде што веќе е признат и заведен македонскиот и како Macedonian, а народот како Мacedonian. Со кое право официјални институции на РМакедонија предлагаат тоа да се смени со небулозна конструкција. Сега во сите лингвистички атласи треба да се внесат измени и да имаме makedonski language. Како ќе се изговара? Мејкидонскај? Ајлиндин Maсedonia ili Македонија / Мејкидониџа? Има ли крај апсурдот? Зошто ги осудувате сите кои размислуваат логично? Зошто сами влегувате во стапица? Зошто тврдите дека сме неспособна држава? Од себе ли си поаѓате? Каде се изгуби демократскиот дијалог? Ја консултиравте ли научната заедница? Злостор е да нудите решение во коешто државното име ќе нема превод на англиски и да нудите непреводливо име, всушност име со две именки. Има ли некој нормален во политичките елити и мејнстрим медиуми? До кога ќе ги слушате партиските полтрони, а не разумот? До кога ќе ги дезавуираме меѓународните конвенции?“, прашува Ќулавкова преку својот профил на „Фејсбук“.