Клековски го откри мастер планот на СДСМ за референдумот

Догогодишниот шеф на МЦМС а сега истражувач на јавното мислење и аналитичар Сашо Клековски во вечерашното гостување во емисијата Топ Тема на телевизија Телма, најави дека СДСМ ќе се обиде да го прикаже референдумот како легитимен со излезени 700 илјади гласачи што е за 203 илјади гласачи помалку од цензусот.

-Проценката е дека 700 илјади гласачи ќе го легитимираат референдумот, вели Клековски.

Според Клековски проблемите со исполнувањето на цензусот кој во моментов ги има власта се поради тоа што владата на СДСМ ја исклучи опозицијата од целиот процес околу договорот и референдумот.

Тој вели дека владата на СДСМ донесе одлука за референдумското прашање без вклученост на ВМРО-ДПМНЕ, а состојбата дополнително се испроблематизирале поради фактот што тој е консултативен, додавајќи дека историски е оксиморон со консултативен.

,,Ако побарам само мислење не може да биде историско, ако беше историско сите пратеници ќе гласаа за одлуката за референдум и ќе беше задолжителен”, смета Клековски.

SHARE

Comments are closed.