Коалиција на Египќани: Не одмаздувајте се за ставен “лајк” на Фејсбук

Невладината организација “Коалиција на Египќани” бара власта да запре со фашистичките методи на прогон на сите што не се согласуваат со политиките и позициите на власта.

Египќаните бараат власта да не се одмаздува кон тие што идеолошки се поблиски до десницата и кои страдаат за еден ставен лајк или за следење на протестите на опозицијата.

“Во една демократска држава, која има нескриени амбиции да стане членка на НАТО и ЕУ, недозволиво е да се применуваат фашистички методи на политички прогони и реваншизми, како и непочитувањето на различното мислење и правото на избор.

Слободно изразување на мислата, личните ставови, слободата на говорот се фундаментални човекови права кои се со Устав загарантирани.и согласно тоа, не може да бидат на ,,УДАР НА ВЛАСТА,, сите оние кои идеолошки или од други причини се поблиски до десницата или до најголемата опозициска партија ВМРО ДПМНЕ.

Денес, сме сведоци како буквално се санционира секој оној кој ,,лајкнува ,, на објава на опозицијата, оние кои преку Фејсбук следат митинг на опозицијата, имаат допирни точки или пријателски односи со раководството на ВМРО ДПМНЕ.

Ова состојба мора да запре, ние имаме воспоставен повекепартиски систем, и крајно некорекно е, да се врши притисок или следење на симпатизери на опозицијата.

Ваквата состојба ја нотиравме и кај сите Амбасадори со кои се сретнавме, истото како забелешка ке го доставиме како Извештај до сите Амбасади.

Едноставно, Р.Македонија има традиција на едно модерно мултиетничко, мултиконфесионално општество, која се заснова на демократски принципи и начела.

ДЕМОКРАТИЈАТА, СЛОБОДАТА, ЧОВЕКОВИТЕ ПРАВА, ВЛАДЕЕЊЕ НА ПРАВОТО се основите на една демократска држава и тие мора да се вратат. Не можете и не треба да биде санкциониран граганин , кој има лични и пријателски односи со лидер на опзицијата, конкретно со проф д-р Христијан Мицкоски.

Тоа е апсурд и спротивност на она што се промовира,,Едно општество за сите”.

Треба да се потсетиме колку ВМРО ДПМНЕ направи за помалите заедници. Политички натпревар е кога некој ке направи повеке, но во сферата на човековите права, слободата, демократијата…

Ваквата состојба треба и мора да се надмине, во интерес на државата Р.Македонија и нејзиниот напредок”, вели лидерот на НГИ ,,Коалиција на Египќани” Демир Далип.

SHARE

Оставете Коментар