„Успехот на референдумот значи изградба на европска Македонија. Јас сум убеден дека мнозинството граѓани што ги претставуваме и кои ни ја доверија одговорноста да ја водиме државата, ќе ја исполнат својата граѓанска должност, ќе излезат на референдумот и ќе гласаат за европска Македонија“, изјави лидерот на СДСМ и премиер, Зоран Заев, на вчерашната средба со лидери на повеќе политички партии.

30 политички субјекти се обединија во повикот до граѓаните за позитивен исход на референдумот и за евро-атлантска иднина на Македонија. Тие се согласија да ги повикаат граѓаните да излезат и да гласаат „за“ на престојниот референдум, што ќе се одржи на 30 септември, соопштија од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија.

Република Македонија своите стратешки цели може да ги оствари единствено преку членство во НАТО и во Европската Унија, а граѓаните и државата ќе добијат значајни придобивки од евроатлантските интеграции на земјата, беше оценето на синоќешната средба.

 

SHARE