Коѕиас: Ципрас чека повик од Заев!

Шефот на грчката дипломатија Никос Коѕиас денеска потврди дека премиерот Алексис Ципрас очекува клучен телефонски повик од неговиот колега од Поранешната Југословенска Република Македонија, Зоран Заев, за долготрајниот спор за името што ги влоши односите меѓу двете земји, јавија грчки медиуми.

„Телефонски повик ќе има денеска“, изјави тој пред новинарите што чекаа пред кабинетот на премиерот Алексис Ципрас.

Агенцијата „Макфакс“ синоќа објави дека денесе е „Денот Д“ за долго најавуваниот телефонски разговор во кој се очекува македонската страна да го каже „големото да“(како што го нарече Коѕијас) за финализирање на договорот.

Експресно, синоќа, од македонската влада ја демантираа информацијата на респектибилната македонска агенција „Макфакс“.