Коѕиас: Договорот забрани македонско малцинство во Грција, “Виножито” е група пријатели

Грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕиас смета дека политичкиот субјект на Македонците во Грција Виножито не е партија туку група пријатели.

Во интервјуто Коѕиас тврди дека со договорот се забранува Македонците во Грција и Македонија да бараат признавање на македонско национално малцинство кај јужниот сосед.

Коѕиас во интервјуто што го објавува грчката влада објаснува дека има голема разлика од членот 49 од македонскиот устав каде пишува дека државата се грижи за своето малцинство во соседните земји и членот 108 од грчкиот устав кој се однесува на Грците во странство.