Коѕијас не дава САД да вршат притисок за името

Америка не врши притисок, туку се интересира за решение кон кое водат преговорите за името и за тоа кои се потешките точки, објави шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас на брифинг со грчките дописници во САД.

Министерот за надворешни работи на Грција вчера се сретна со советникот за национална безбедност на американскиот претседател, Џон Болтон, а состанокот траел двојно повеќе од предвиденото. И Болтон и државниот секретар Мајк Помпео, како што рече Коѕијас, ги слушнале грчките позиции како за регионот и за Блискиот исток, така и за односите на Грција со Турција и за разговорите за името, за кои разговарал со помошниот државен секретар Вес Мичел.

„Во скопското прашање немаме никаков притисок, ниту некој има намера да нè притиска. Никогаш нема да дозволиме да нѐ притискаат. Но, многу се интересираат за решение и се обидуваат да разберат каде се наоѓаат преговорите и кои се тешките точки“, рече Коѕијас и додаде дека искуството покажало оти кога се преземаат иницијативи, тогаш никој не може да се меша.

Тој потенцира дека во однос на Скопје е во континуирана консултација и соработка со грчкиот премиер Алексис Ципрас, со кој имаат совпаѓање на ставовите.

Шефот на грчката дипломатија рече дека паралелно со главните преговори, ќе одржат состанок техничките групи, а ги спомена и двата текста, едниот од грчка страна, другиот од медијаторот, кои ги содржат точките за кои што се водат преговорите.

„Да знаете дека имаме напишано голем текст, Грција го направи. Овој текст, заедно со правниот текст направен од Нимиц, ги презедовме и ги интегриравме во еден текст, во кој вториот дел се однесува на идната соработка на Грција и ПЈРМ, односно перспективата во прашањата за образованието, истражувањата итн. Првиот дел се однесува на прашања што се поврзуваат со името, пред сѐ со прашањата за иредентизмот, со кои треба да завршиме, како и поглавјето за признавање на сите меѓународни правни реалности, границите, неповредливоста на границите, дека од ниедна страна не може да се води пропаганда или да се дава простор за пропаганда од едната против другата страна итн.“, рече Коѕијас од САД во брифингот за грчките новинари.

 

11 Коментари

  1. Игор Јанев, кој во коментарот овде е потпишан како „kolega2357“ не може да разбере дека ИМЕТО НЕ Е ПРОБЛЕМ, туку дека проблем е РАЗЛИКАТА ОКОЛУ ИМЕТО, а дека преку ПРОМЕНА НА ИМЕТО се НАСТОЈУВА да се најде РЕШЕНИЕ за проблемот околу името. Проблем е она што претставува името, или она што стои позади името МАКЕДОНИЈА. Според Грците, Република Македонија го злоупотребува името Македонија за да прикаже дека целата територија Македонија припаѓа на Р. Македонија, а после она што се направи со „Скопје 2014“, дека Р.Македонија ја присвојува и историјата на античка Македонија, која според светската историја (и според 376-те професори од најелитните факултети во светот во писмото до Обама), припаѓа на Грција. Затоа и Советот за безбедност и ГС на ОН, ја примија РМ како ФИРОМ додека не се реши разликата околу името Македонија. Значи името Република Македонија НЕ МОЖЕ ДА БИДЕ РЕШЕНИЕ на проблемот и НИКОГАШ нема да биде прифатено нити во ОН (како што не беше прифатено при приемот), така нити од НАТО и ЕУ. Игор Јанев, признавање КАКО Република Македонија во ОН никогаш НЕ МОЖЕ да се случи, затоа што Р.Македонија НЕ Е РЕШЕНИЕ ЗА ПРОБЛЕМОТ.

    • Моето име е Велимир Ивановић и на Википедија сите ме знаат како User:kolega2357. Сите знаат кој сум. А ти “еден” СЕ друго расчистувај со Игор Јанев, а не со мене. Од мене само еден совет до тебе “ЕДЕН”: Најди си некоја добра лудница, покрај шизофренија имаш и тежок вид на параноја! Напади на параноја! Лекувај се док е време!

  2. Јас Не знам на кој му падна напамет од „стручњаците” на СДСМ да предложат “Свети Илија” за ДРЖАВНОТО ИМЕ! Ха ха ХА ха….!

    На вистина многу креативно! Многу знаење стои зад ваков предлог! Силни експерти!

    За светска Историја!

    Честитки! Секоја чест!

  3. Алексис Ципрас денес во Грчкиот Парламент ги расчисти дилемите околу преговорите со Зоран Заев, одговарајќи на критиките упатени од лидерот на опозициската Нова демократија, Киријакос Мицотакис во врска со името “Република Илинденска Македонија“.
    – Ние јасно изјавивме дека преговараме врз основа на четирите имиња предложени од ОН, пакетот предлози од Нимиц. Република Илинденска Македонија не е на маса! Господинот Заев е првиот премиер од соседот што јавно прифати сложено име ерга омнес со уставна ревизија! – изјави Алексис Ципрас од парламентарната говорница во Атина.
    Предлозите од Метју Нимиц се Република Горна Македонија, Република Северна Македонија, Република Вардарска Македонија и Република Нова Македонија, со латинична транскрипција на Македонскиот јазик без превод на англиски јазик! Па кој како ќе прочита така ќе изговара!
    Се чека оставка на министерот за надворешни работи Никола Димитров, да го исполни своето ветување, и се разбира, оставка на Владата на Зоран Заев!
    T.P.

Оставете Коментар