Коѕиас: Заев е Македонец само според географска област

„……Како што јави дописничката на МИА од Атина, на прашањата на новинарите во однос на она што предизвика реакции во Грција, делот од вчерашниот говор на македонскиот премиер, кога ја употреби фразата „Македонците и Грците“, КОЅИЈАС коментираше дека ЗАЕВ се самоидентификувал според географската област, пишува новинарот Иван Блажевски кој поставува три прашања кои не му се јасни во врска со ова тврдење:

1. А,од каде би знаел Коѕијас или било кој друг на планетава и пошироко, врз основа на што се самоидентификува било кој, па и Заев? Освен ако претходно во доверба, на уво, не му го шепнал тоа…

2. Еве, јас воопшто не се самоидентификувам како Македонец според географска област, туку поради целокупната сегашност, минато и наследство на Македонија.

3. Како емотивно да го одвојам едното од другото? Со закон? Зошто некаде да биде запишано што наводно мислам јас кога велам Македонец? Не е точно дека јас се самоидентификувам како Македонец според географската област каде што сум се родил. А, токму тоа се наведува во договорот Заев – Ципрас.

На творецот на договоров, Франц Кафка може вода да му носи, пишува Блажевски во врска со негирањето на македонскиот национален идентитет од страна на Коѕиас и Ципрас.

Comments are closed.