„Се плашам дека ако не се даде датум за пристапни преговори за Северна Македонија, сите напори што ги направивме со големи жртви и компромиси од двете страни би можеле да бидат доведени во опасност“, вели шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас.

Во денешното интервју за „Euroactiv“.тој вели дека на европските колеги им рекол дека можат да бидат строги колку сакаат но дека „ние не може да ја блокираме перспективата“.

„Поентата е Франција да се согласи со Германија за да се избегне дестабилизација на Балканот“, вели Коѕијас, во контекст на противењето на Париз, според кој Унијата не треба да брза со проширување додека внатрешно не се реформира и дека ставот за почеток на пристапни договори со Македонија ќе биде соопштен на Самитот на Еу кон крајот на неделава.

Коѕијас уште вели дека „ако некои земји имаат проблеми со Северна Македонија и Албанија, требале порано да ги споменат тие проблеми“.

Оставете Коментар