Коѕијас бара име од списокот на Нимиц

Шефот на грчката дипломатија од Вашингтон индиректно порача дека за него не е прифатлив предлогот „Република Илинденска Македонија“.

„Ја поддржуваме потребата за прифаќаме едно од имињата што ги предложи (Специјалниот пратеник на ООН за прашањето за името Метју) Нимиц и да продолжиме со спроведувањето на стратешкиот план за пријателска соработка во иднина со оваа земја под ново име. Никој не н’е притиска бидејќи Грција презема иницијатива“, изјави вчера за грчките новинари во Вашингтон, Никос Коѕијас.

Иако прашањето за името на не било покренато на средбата на грчкиот министер за надворешни со американскиот државен секретар Мајк Помпео, Никос Коѕијас за оваа „тема“ разговарал со Вес Мичел, помошник државен секретар за Европа и евроазиски прашања, пренесуваат грчки медиуми.

Според грчкото МНР денес Котциас треба да се состане со советникот за национална безбедност, Џон Болтон, со членовите на Претставничкиот дом и членовите на Сенатот, вклучувајќи ги и претставниците на „хеленската група“ во американскиот конгрес.

Утре, Коѕијас треба да се состане со генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш..

SHARE

Comments are closed.