Поранешниот шеф на грчката дипломатија и најзаслужен за преспанскиот договор, Никос Коѕијас, во интервју за грчката телевизија Анетна кажа што би направил доколку се уште беше член на грчката Влада по изјавите на македонскиот премиер Зоран Заев за изучувањето на македонскиот јазик во Грција..

„Ќе го потегнев за уши на сите начини, и од НАТО, од Европската унија и од Нимиц. Нимиц се активираше и добро направи и го потсети дека прекршува две точки од Времената спогодба и од Договорот од Преспа“, рече Коѕијас, одговарајќи на прашањето што тој ќе направеше доколку се уште беше министер, јави МИА.

Коѕијас посочи дека во Договорот од Преспа две работи се важни во и го прочита членот од договорот дека ниту една од земјите нема да се меша во внатрешните работи на другата страна.

„а тоа кој јазик ќе се изучува во Грција е во наша надлежност. Не е нивна работа, рече Коѕијас и додаде дека второто е да се промени членот 49 во македонскиот Устав.

Поранешниот шеф на грчката дипломатија во друг дел од интервјуто рече дека во изјавите на Заев, тој не нашол нешто што има врска со македонско малцинство, но констатирал дека во однос на јазикот има прекршување на два параграфи.

 

SHARE

1 Коментар

Оставете Коментар