Коѕијас: Договорот од Преспа не е плод на надворешен притисок

По премиерот Алексис Ципрас, и грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕијас негира дека договорот за името на соседна Македонија е производ на надворешен притисок.

Во својот говор пред Норвешки институт за надворешни односи (НУИ) шефот на грчката дипломатија изјави дека договорот е „олицетворение на структуриран и праведен компромис во регионот“, кој е извор на инспирација за земјите од регионот кои се соочуваат со долготрајни спорови.

Оставете Коментар