Коѕијас ликува по договорот: Не дадовме ништо во замена за нешто!

Грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕијас оценува дека со Македонија го постигнале најдобриот можен договор за Грција, а притоа не дале никаква отстапка.

„Не дадовме ништо во замена за нешто. Го постигнавме најдобриот договор за нашата земја“, изјави тој за телевизијата АНТ1, коментирајќи го договорот Заев-Ципрас за името на македонската држава и за целиот пакет поврзан со него.

Мнозинството луѓе сфатија дека проблемот со Скопје е решен“, додаде Коѕијас и нагласи дека некои биле „збунети“ поради историјата на древна Грција и географијата на Македонија.

„Првпат договорот меѓу Атина и Скопје дефинитивно и неотповикливо ја одвои древната грчка цивилизација“, наведе шефот на грчката дипломатија, изразувајќи увереност дека договорот ќе помине во Парламентот.

„Скопје презеде најголем ризик“, забележа тој и додаде дека неговиот курс кон Европска унија и НАТО ќе биде блокиран ако не ги исполни условите од договорот.

Коѕијас истакна и дека договорот ги зема предвид грчките интереси и додаде дека во Грција се потценува фактот оти соседната земја го менува името.

 

1 Коментар

  1. Јас повикувам сите пратеници, и мои пријатели од СДСМ да отфрлат овој штетен тнр. Договор со Грција! Апелирам на СДСМ да не овозможи ратификацијата на ваков Договор со кои се брише или проблематизира националниот идентитет на македонците и Република Македонија и под надворешно влијание и со надворешен акт менува Уставот н а Република Македонија!

Comments are closed.