Коѕијас на суд во Грција за велепредавство околу името „Македонија“

Сегрчката федерација на македонските културни асоцијации поднесе тужба против министерот за надворешни работи Никос Коѕијас, обвинувајќи го за велепредавство со водењето на разговорите за името на Македонија.

Претседателот на Федерацијата, Јоргос Тациос, по поднесувањето на тужбата во судот во Серес објасни дека парницата е израз на чувствата на „гнев“ и на „предавство“ со фактот дека „господинот Коѕијас се откажа од името како шеф на концесионерската преговарачка стратегија“.

„Ние родените, домашни, вистински Македонци сме принудени да прибегнеме кон правдата барајќи заштита од игнорирањето на историјата и од потенцијално опасното предавство на нашето име на соседната земја на Славо-Албанци“, се вели во тужбата.

„Се срамиме од тоа што грчкиот министер за надворешни работи, господин Никос Коѕијас, назначен да преговара за името на соседната земја што би било во национален интерес, покажа непоичитување на борбата на нашите предци, кои работеле напорно за зачувувањрто на грчкоста на Македонија, и го загрози мирот во поширокиот балкански регион“, се додава во поднесокот.

 

Оставете Коментар