Коѕијас: Преспански договор нè ослободи од затворот

Грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕијас по денешната средба со својот германски колега Хајко Мас во Атина уште еднаш го поздрави Преспански договор, кој, според него, ги ослободил од затворот.

„Историјата би требало да ни биде учителка, а не затвор. Овој договор нè ослободи од затворот“, рече Коѕијас.

Шефот на грчката дипломатија уште додаде дека парламентот на неговата земја ќе гласа за договорот и за пристапувањето на Македонија во НАТО веднаш по уставните измени кај северниот сосед, најверојатно во јануари. Тој е сигурен дека, ако Скопје ги исполни преземените обврски околу Уставот, спогодбата во грчкиот Парламент ќе биде изгласана со поддршка на пратениците од левиот центар и независни.

„Ни требаат мнозинство пратеници, а не партии. Мнозинствотопратеници веќе го поддржуваат договорот“, уверува Коѕијас.

„Ова е историска шанса. Се надевам дека овој историски договор ќе биде спроведен“, изјави Мас.

 

SHARE