Никос Коѕијас, синоќа се пошегувал на негова сметка во врска со неговата оставка на местото шеф на грчката дипломатија.

„Склучивме договор со поранешната југословенска Република и јас станав поранешен министер“, рече на шега Коѕијас пред почетокот на состанокот на политичкиот секретаријат на неговото движење на идеи и активности Прато.

Во врска со преспанскиот договор тој рече дека се надева дека се ќе биде во ред „бидејќи во спротивно оние кои веруваат во лесни решенија ќе видат колку потешки можат да станат работите“ пренесе МИА.

За неочекуваната оставка што на девет страници ја поднел на премиерот Алексис Ципрас тој рече дека таа објаснува с’е и доколку сака, грчкиот премиер може да ја објави.

Коѕијас истакнал дека надворешната политика ја води премиерот и Министерството за надворешни работи, а „МНР не е број два, тоа да биде јасно“.

SHARE

Оставете Коментар