Кофи од „Херитиџ“: Нека не слават прерано, спорот за името не е решен

Лук Кофи, политички советник и експерт за Европа од конзервативниот американски тинк-тенк „Херитиџ“, преку серија од 14 пораки на „Твитер“ го изнесе своето мислење за разликата за името меѓу Македонија и Грција по објавениот договор Заев-Ципрас.

„Сакам Македонија да влезе во НАТО повеќе од сите, но ги предупредувам сите што прерано ги слават последните вести за спорот околу името. Има долг пат пред тој да биде завршен. Многу проблеми се во игра тука.

На домашно ниво, големо прашање за Македонците ќе биде барањето за промена на името во Уставот. Во моментов Владата нема доволно мнозинство за да го стори тоа самостојно.

Опозицијата (со право) покренува добри прашања за тоа што значи промената на уставното име за националниот суверенитет на Македонија. Ова е сериозно прашање за МНОГУ Македонци, кое се чини речиси целосно игнорирано од коментаторите однадвор.

На пример, договорениот обем на користење на новото име Република Северна Македонија ќе биде и за домашна употреба. Тоа значи дека секој ќе мора да го користи тоа име во лична карта, пасош, возачка дозвола итн. Многумина сметаат дека тоа е напад врз идентитетот да се биде Македонец.

Во наш интерес е да има политичка стабилност во Македонија. Секое име за кое Македонија преговара со Грција мора да има поддршка од народот или ризикува нестабилност во земјата. Македонците мора да чувствуваат дека каков и да е договор ќе им го зачува нивниот уникатен идентитет.

Инаку, неуспехот да се постигне домашен консензус за договорот може да доведе до поголеми проблеми и нестабилност во иднина. Ова е последното нешто што на САД, Европа, Македонија или на Балканот им треба сега.

Сите ние сакаме овој смешен спорот за името да се реши, но пред да почнеме на слепо да ја славиме секоја почетна согласност, мораме да размислиме за ефектите од вториот и од третиот ред.

Исто така, Грците се познати по играњето игри во минатото со ова прашање. Во 1993 година Македонија стана членка на Обединети нации под привременото име ‘поранешна југословенска Република Македонија’. Во 1995 година Македонија и Грција се согласија на Привремена спогодба со посредство на ОН.

Во Привремената спогодба, Атина се согласи да не ја блокира интеграцијата на Македонија во меѓународните организации, како што е НАТО, со референцата ‘поранешна југословенска Република Македонија“ додека двете страни не се договорат за заемно прифатливо име.

По завршувањето на својот Акциски план за членство во НАТО во 2008 година, Македонија очекуваше покана за влез во Алијансата на самитот во Букурешт. Сепак, Грција еднострано стави вето на пристапот на Македонија поради прашањето за името.

Во декември 2011 година Меѓународниот суд на правдата пресуди дека грчкото вето е флагрантно кршење на Привремениот договор од 1995 година. Поентата е дека Грците имаат минато на враќање назад.

Според тоа, ПРЕД нешто да се стави на разгледување пред македонскиот парламент или народот во однос на кој било договор за спорот за името, грчкиот парламент мора ПРВ да го одобри. Во спротивно, Македонија може повторно остане со прстот в уста.

Најлесниот и најразумен начин за решавање на овој спор за името би бил Грција да го следи примерот на 137 други земји во светот и да ја признае Македонија како Република Македонија. Или барем да ги исполни своите обврски од Привремениот договор од 1995 година.

Значи, иако напредокот во спорот за името е добредојден, имаме долг пат пред нас. Да не почнеме да ги броиме нашите кокошки пред да излезат“.

 

SHARE

Comments are closed.