Кога новинар добива награда за другарство

Новинарот Тони Димков кој е еден од најдобрите македонски новинари во областа култура ја доби најубавата награда во кариерата.

Наградата му ја додели фестивалот Таксират кој деновиве одбележува 20 години постоење и исто толку долго другарство и дружење со Тони Димков.

“Огромно изненадување ми приредија од фестивалот Таксират. Оваа симпатична статуетка носи симболика на 20-годишна професионална соработка, но и на стекнато пријателство базирано на взаемна доверба, искрена комуникација и разбирање. Благодарам Логин Кочишки, Katerina Evgo, Рамона Кочишка и на целата екипа на Taksirat Festival”, напиша Димков по неочекуваната награда.

Тони Димков работел за Македонската Телевизија и за повеќе други медиуми а сега е ангажиран во MKD.MK еден од ретките македонски портали кој има новинар специјализиран за култура и уметност.

SHARE

Оставете Коментар